8.2 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Убавата манекенка со македонско потекло откри детали од бракот со Огњен Амиџиќ

Најчитани вести

Водителот Огњен Амиџиќ и манекенката Даниела Димитровска се во брак веќе седум години, а заедно го имаат синот Матија кој во ноември наполни шест години.

Даниела пред камерите на „Премијера“ призна дека нејзиниот син не разговара со неа за симпатиите, туку дека за тие детали разговара само со неговиот татко.

Мене не сака да ми каже, јас го оставам тоа да остане меѓу него и неговиот татко. Јас мислам дека на мене ќе ми признае кога ќе биде нешто вредно, кога ќе ја доведе дома “ , рекла сопругата на водителот.

Таа прозборела и за неверството, па открила дали го проверува телефонот на својот сопруг.

Не гледам во телефонот на Огњен и мислам дека никој не треба да гледа во туѓ телефон.Мислам дека секој од нас има право на приватност, без оглед дали сме во брак или заедница, ние сме индивидуи. Кој на кого му дава за право да ѕирка во туѓ телефон. Да бидам малку вулгарна, тоа би било исто како да одите со сопругот во тоалет. Јас се надевам дека тоа никој не го прави, јас не го правам“, истакнала Даниела низ насмевка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести