4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Уапсен српски државјанин кој свирепо го убил својот брат

Најчитани вести

По барање на центарот на Интерпол во Белград, македонската полиција го најде и уапси српскиот државјанин А.Ф. од Пожаревац кој на свиреп начин си го убил својот брат.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, вчера на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство” на неговиот брат. Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com