3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Уапсен сопругот по смртта на кениска атлетичарка

Најчитани вести

Кениската полиција го уапси сопругот на светската атлетска рекордерка Агнес Тироп, откако таа беше пронајдена мртва во својата куќа.

Емануел Ротич бил уапсен во крајбрежниот град Момбаса, а ќе се соочи со обвинение по завршувањето на истрагата, соопшти полицијата.

Тироп во средата беше пронајдена мртва во својата куќа во Итен, град во западна Кенија, кој е познат како база за обука на атлетичари на долги патеки.

Истражителите соопштија дека на телото на 25-годишната атлетичарка биле пронајдени убодни рани.

Тироп минатиот месец во Германија постави светски рекорд во уличната трка на 10 километри.

На Олимписките игри во Токио таа го освои четвртото место во трката на 5000 метри, и е двократна освојувачка на бронзени медали на светските првенства во трката на 10 илјади метри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com