Home » Уапсен поранешниот припадник на ОВК Сабит Јонузи и префрлен во Хаг

Уапсен поранешниот припадник на ОВК Сабит Јонузи и префрлен во Хаг

by Журнал.мк

Поранешниот припадник на ОВК Сабит Јонузи од Глоговац е уапсен по налог на Специјалниот суд во Хаг и веќе е префрлен во седиштето на судот, јавија косовските медиуми.

Апсењето го потврди и неговиот адвокат Куштим Битиќи, кој рече дека Сабит Јонузи во средата бил сослушан во седиштето на Специјалното обвинителство во Косово Поле и дека бил ослободен, но е уапсен вчера во неговиот дом .

Тој додаде дека на почетокот на мај, бил извршен претрес во куќата на Јонузи и му бил одземен телефонот.

Шефот на огранокот на здружението на бранители во Глоговац, Енвер Хајдари за РТК изјави дека според членовите на семејството, Јанузи веќе е испратен во Хаг.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More