13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Уапсен малолетник од Скопје, нападнал 79-годишна баба и ја ограбил

Најчитани вести

Полицијата привела малолетник од Скопје кој се сомничи за разбојништво и напад врз постаро лице.

Имено вчера полициски службеници од Полициската станица Центар привеле малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

Според полицијата, околу 12.30 часот кај Зелено пазарче тој физички ја нападнал Ј.С.(79) од Скопје и ѝ одзел пари.

Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија надлежните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com