14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Уапсен дилер од Кичево

Најчитани вести

38-годишно лице од Кичево е уапсено откако при претрес во неговиот дом полицијата пронашла дрога.

Полицијата соопшти дека денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода Д.А.(38) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани. При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.

Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com