Уапсен е младиот човек кој со мачета упаднал во загрепската класична гимназија и се заканувал на еден од учениците.
Според полицијата, младиот човек бил уапсен во месноста Медвешчак. Се работи за 18-годишник.
„Денеска 6 март околу 13 часот и 50 минути во просториите на воспитно-образовната установа дошло непознато младо момче кое потоа во ходникот пресретнал ученик кој го барал и на кого му се заканил со остар предмет. По заканите, младиот човек побегнал.
Информациите и сознанијата што ги собра загрепската полиција за самиот настан резултираа со целна потрага по 18-годишен млад човек.
Набргу потоа, три часа по самиот настан, младиот човек бил пронајден и уапсен во областа Медвешчак и однесен во службени простории за кривична истрага“, извести загрепската полиција.