Home » Уапсени се 17 Албанци во Белгија и во Германија, во заедничка акција на околу 300 полицајци

Уапсени се 17 Албанци во Белгија и во Германија, во заедничка акција на околу 300 полицајци

by Журнал.мк

Во заедничка акција на германската и белгиската полиција во која учествувале околу 300 полицајци разбиена е нарко-банда која шверцувала хероин и кокаин, јавија албанските медиуми. Уапсени се 17 Албанци, од кои 15 во Белгија и двајца во Германија.

– Истражителите откриле дека дрогата се шверцувала во контејнери во Белгија, пред да биде пренесена во Германија и потоа дистрибуирана низ Европа. Во акцијата се запленети 700 илјади евра, 15 килограми хероин, три килограми синтетичка дрога и три килограми кокаин, 13 возила и три парчиња огнено оружје, наведуваат медиумите.

Европол ја поддржал оваа истрага со обезбедување експертиза и обемна аналитичка поддршка и со олеснување на размената на информации преку своите сигурни канали.

-Низа оперативни состаноци организираше Европол низ Европа со цел да се пополнат истражните празнини на меѓународно ниво и да се координираат истовремени дејствија насочени кон разбивање на целата структура на оваа криминална група, додава abcnews.al.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk