-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Уапсени две момчиња кои извршиле 17 кражби

Најчитани вести

Кичево, 11 декември- Вчера околу 15.30 часот во селото Колибари, Кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле А.Е.(24) од селото Арангел, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во Затворот „Идризово“.

По преземени мерки и по извршен разговор со него било утврдено дека во октомври, ноември и почетокот на декември 2019 година, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на Полициските одделенија Осломеј и Зајас.

Во координација со Полициската станица Гостивар, a во врска со сторените круивични дела, од слобода бил лишен и З.И.(25) од селото Дебреште, Гостиварско, по што бил спроведен во Полициската станица Кичево. За преземените активности бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести