Скопје, 18 декември- Во автоперална на ул. „Мирче Ацев“ во Скопје, о. Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Б. и О.З., бидејќи при асистенција за отстранување на бесправно изграден објект ги попречувале полициски службеници во извршување на работни задачи.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.