15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Уапсени браќата Бојку – голема полициска акција кај Велешта во Струга

Најчитани вести

Во голема полициска акција која била спроведена доцна вечерва, уапсени се двајцата браќа Бојку, дознава Телевизија 21 од свои извори.

Еден од браќата се бараше за издржување на затвроска казна од 21 година, а другиот поради поседување на оружје. Акцијата е спроведена од Отсекот за потраги и специјалците „Тигри“.

Станува збор за синовите на Дилавер Бојку кој сред бел ден беше убиен од позади грб во Струга. Се уште нема одговор кој го ликвидираше и како се реализираше едно од најконтроверзните убиства во Македонија.

Против двајцата браќа кои сега се уапсени, во 2017 година беа покренати и кривични пријави бидејќи нападнаа новинар кој беше дописник за тогашниот весник Дневник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести