9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

УАПСЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТ ОСТАНУВА ВО СРБИЈА Министерство за правда не бара екстрадиција

Најчитани вести

За нашиот дипломат кој е во притвор во Србија кај нас нема отворена постапка, поради која ние би го барале како држава.

– Ние како Министерство за правда не сме добиле информација по основа на која треба да бараме екстрадиција или трансфер на осудено лице – изјави денеска миинстерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој во одговор на новинарско прашање дали има напредок во случајот со македонските дипломати, посочи дека институциите од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда.

– Јас ги имам информациите што ги има и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука никаква улога, бидејќи лицето кое што е во притвор, нашиот дипломат кој што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка, поради која што ние би го барале како држава – рече Маричиќ.

Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот не е ниту осуден, ниту пак кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.

Маричиќ рече дека министерставата од Србија не стапиле во контакт со Министерството за правда, а нема информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи.

Дипломатот, кој е дел од Македонската Мисија во ОБСЕ во Виена, беше приведен откако по него била распишана меѓународна потерница затoa што е осомничен дека пред три години организирал патување во главниот град на Ерменија, Ереван, заедно со уште двајца македонски дипломати, со цел да се евакуира лице, кое во Ерменија било осомничено за злоупотреба на неколку милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com