4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Уапсениот бизнисмен за убиството на новинарката нуди информации кои водат до премиерот на Малта

Најчитани вести

Угледниот бизнисмен од Малта, Јорген Фенех понуди да сведочи против високи претставници од владата во случајот за убиството на новинарката, Дафне Каруан Галиција. Тој исто така изјавил дека и премиерот на Малта има судир на интереси во тој случај.

Адвокатот на бизнисменот Фенех доставил до судот писмо за претседателот Џорџ Вела, во кое го молат за помилување, а за возврат ветува дека на судот ќе му пружи информации поврзани со поранешниот шеф на кабинетот на премиерот, Кит Шембри, ексминистерот за туризам, Конрад Мици и министерот за економија, Крис Кардон и други луѓе блиски до премиерот, пренесува Ројтерс.

Адвокатот на Фенеха, кој е уапсен минатата недела во врска со убиството, изјави дека премиерот Џозеф Мускат не би требало да биде вклучен во одлуката за помилување, зошто тој е меѓу лицата кои „можеби имале интерес помилувањето да не се одобри“. Според него, судијата треба да одлучи за помилувањето без мешање од кабинетот на Мускат.

Галиција беше убиена со активирање на бомба во нејзиниот автомобил, близу до нејзината куќа, а за поставување на бомбата обвинети се тројца мажи, но властите засега не успеаа да откријат кој ги поставил.

Фенех, еден од најбогатите граѓани на Малта, ѝ рекол на полицијата дека Шембри е мозокот на организацијата на убиството. Шембри е пуштен од притвор синоќа и не дал изјава за медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com