14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Уапсена поранешна хрватска министерка за проневера на европски пари

Најчитани вести

Хрватската полиција денеска ја уапси поранешната министерка за регионален развој и Фондот на ЕУ Габриела Жалац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), како и директорот на Централната агенција за финансирање и склучување договори за програми и проекти на ЕУ ( CFCA) Томислав Петриќ и уште две други лица.

Европското јавно обвинителство во Хрватска соопшти дека четворицата уапсени се осомничени за кривични дела во Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ, како и во Централната агенција за финансирање и склучување договори на програми и проекти на ЕУ (CFCA), поврзани со јавните постапки за набавка.

Како што пишуваат хрватските медиуми, станува збор за проект за развој на софтвер вреден околу 16,2 милиони куни, кој и е доделен на компанијата „Ампелос“ во 2018 година, за време на мандатот на Габриела Жалац.

По наредба на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител, новоформираното тело кое се занимава со проневера во кои се оштетени европските фондови, пред дваесетина дена од просториите на Министерството била одземена документација поврзана со аферите со „Ампелос“. Медиумите претходно пишуваа дека компанијата имала само еден вработен пред да ја добие работата од Министерството и моментално се бори со блокадите.

Поради бројните скандали што ја следеа, Жалац го напушти Министерството во 2019 година, но таа се уште е член на Претседателството на владејачката ХДЗ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com