Вработена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е осомничена за кражба на лекови во клиниката каде што била вработена. При претрес на нејзиното возило биле пронајдени лекови во вид на ампули кои и биле доверени и за кои била задолжена.
Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката.
Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.