20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Тухел: Сигурен сум дека никој не сака да игра против Челзи во четвртфиналето

Најчитани вести

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, откако го победи Атлетико во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите (2:0), призна дека се чувствува пријатно во англискиот клуб. На крајот на јануари германскиот специјалист го презеде водството на „сините“.

– Уште од првата минута во овој клуб се чувствував како член на големо семејство. Добив неверојатна поддршка. Сè беше направено за да се чувствувам тука како дома. Придонесот на играчите е голем. Тие многу се трудат. Се движиме од натпревар во натпревар. Одигравме одлично. Се чувствуваше дека навистина сакаме да одиме понатаму. Тие се обидоа да извршат висок притисок, но оставија дупки зад нив, и ние го искористивме тоа. Сигурен сум дека никој не сака да игра против нас во четвртфиналето. Нема да биде лесно, но нема од што да се плашиме – ќе бидеме добро подготвени за нова конфронтација, изјави Тухел.

Жрепката за четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони ќе биде извршена утре во седиштето на УЕФА во Нион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести