23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Тухел призна: Исфрли играч од стартната постава поради тоа што одбива да потпише нов договор

Најчитани вести

Андреас Кристенсен добива безброј позитивни коментари од стартот на сезоната и според многумина тој е еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, но интересно, Томас Тухел се реши да го исфрли од стартната постава на Челси на последните три натпревари, а сега ја откри и причината за тоа.

Данецот кој игра во врвна форма остана на клупата за резерви против Лестер, Јувентус и Манчестер Јунајтед и стана јасно дека тоа не е случајно, по што пристигна потврда од Тухел дека решил привремено да го отстрани од стартната постава за да го забрза процесот кој веќе извесено време се одолговлекува.
Новинарите го прашаа Тухел дали е свесен дека може да направи негативен ефект врз преговорите меѓу Челси и фудбалерот за продолжувањето на новиот договор, по што Германецот го одговори следното:
– Јас мислам сосема спротивно, јас сметам дека неиграњето ќе влијае врз одлуката да стави што побрзо потпис на договорот.

Од тоа што јас го знам, само прашање на време е кога ќе добиеме добри вести.
– Клубот го сака истото, играчот го сака истото и јас го сакам истото. Сите сакаме да остане. Тој тврди дека го сака Челси и јас сметам дека има недовршена работа овде. Време е тој да реагира, треба да ги забрза преговорите бидејќи неговата кариера во Челси е далеку од завршена. Сакаме да ја покаже својата лојалност, – порача Тухел за фудбалерот чиј актуелен договор истекува на крајот од сезоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com