26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Тухел: Освоивме бодови на тежок терен

Најчитани вести

Пари Сен-Жермен го победи Галатасарај во 2. коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите (1:0). Тренерот на парижаните, Томас Тухел е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај тоа што е остварена само минимална победа во Истанбул.

– Натпреварот се покажа како тврд, но ние заслуживме да победиме. Секогаш е тешко да се игра на гости кај Галатасарај. Домаќинот играше смело и наметливо. Ние промашивме една-две шанси во првите 20 минути. Севкупно тимот прикажа одличен натпревар. Момците се бореа едни за други, и ние сме многу среќни за ова, истакна Тухел.

По две кола ПСЖ е сам на врвот со максимални шест бода, пред Бриж кој има два, Галатасарај и Реал се на последните две места со по еден бод.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести