0 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Тухел: Знаев дека Нејмар сака да си оди уште пред Копа Америка

Најчитани вести

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел призна дека одамна е свесен за намерите на големата ѕвезда на тимот и најскап фудбалер во светот Нејмар. Германецот призна по контролната со Динамо Дрезден, освоена 6:1 од францускиот шампион, дека повеќе од еден месец е свесен дека Бразилецот не сака да игра на „Парк де Пренс“.

Дури и пред да замине за националниот тим на земјата, напаѓачот имал средба со Тухел и тој јасно открил какви се неговите намери.

„Дали знаев дека Нејмар сака да замине? Да, го знаев тоа пред Копа Америка Да, сè меѓу нас двајца е повеќе од јасно. Сега тој мора да ја реши оваа ситуација со клубот. Тоа е работа меѓу нив. Сега работиме со него“, изјави Тухел.

„Додека некој играч е во мојата гардероба, тој е мој фудбалер и јас работам со него, морам да се прилагодам на ситуацијата, тој исто така мора да се прилагоди. Не знам што ќе се случи, но додека тој е во тимот и тој тренира со него, тој е мојот фудбалер и јас сметам на него“, додаде Тухел.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести