Home » Тухел: Загрижени сме, но и среќни што го претставуваме Челси

Тухел: Загрижени сме, но и среќни што го претставуваме Челси

by Журнал.мк

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека останува среќен да го води тимот и покрај тешката ситуација во која се наоѓа клубот од „Стемфорд бриџ“. Клубот е притиснат до ѕид поради низата санкции наметнати на сопственикот Роман Абрамович. Сепак, играчите не дозволија тоа да ги дефокусира и синоќа забележаа убедлива победа од 1:3 против Норич.

„Загрижен сум и јас и сите во клубот, но и свесни сне за ситуацијата која се менува секој ден. Не можеме ништо да направиме во врска со тоа. Сè уште сум среќен што сум на чело на овој силен тим. Среќен сум што ги водев фудбалерите, а и тие прикажаа завидна посветеност и прифесионалност. Знам дека има многу врева околу нас, но сепак даваме се од себе да се фокусираме само на фудбалот“, изјави Тухел.

Челси се наоѓа на третото место во шампионатот на Англија со 56 освоени бода.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More