14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Тухел донел одлука за второто деби на Лукаку во дресот на Челси

Најчитани вести

Ромелу Лукаку од утре ќе тренира со новите соиграчи од Челси, а „Скај Спортс“ најави дека менаџерот Томас Тухел веќе одлучил кога ќе се случи и второто деби на Белгиецот во клубот во кој настапуваше пред неколку години.

Тоа е лоша вест за Арсенал, бидејќи најавите се дека Лукаку ќе биде дел од претстојното лондонско дерби и ќе се обиде да ја продолжи негативната серија на „топчиите“.

Лукаку тренираше со Интер пред да се пресели во Лондон и проценката на Тухел е дека тој е подготвен да го облече синиот дрес и да му помогне на Челси во обидот да стигне до победа против Арсенал.

Белгискиот напаѓач го започнува вториот престој на „Стемфорд Бриџ“ десет години по првиот трансфер, кога дојде од Андерлехт, а интересно не постигна гол за Челси пред да замине на заем во редовите на Евертон.

Арсенал го пречекува Челси во недела од 17:30 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com