-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Тухел го крена гласот по првиот пораз на ПСЖ и испрати јасна порака до управата

Најчитани вести

ПСЖ претрпе пораз со пресврт на гостувањето кај Рен и го забележа првиот сезонски неуспех уште во второто коло, натпревар на кој можеше да се види дека „светците“ имаат очигледна дистракција од активностите на теренот поради нерешениот проблем во тимот.

Нејмар полека се претвора во проблем и за тренерот Томас Тухел, кој по поразот од 2:1 на гостувањето во Рен одлучи да го крене гласот и да испрати јасна порака до управата на клубот. Веќе не е никаква тајна дека раководните луѓе работата на продажба на Бразилецот, но со оглед на тоа каква важна улога имаше Нејмар во првиот тим на ПСЖ, Тухел одлучи да испрати мало предупредување до управата на 10-тина дена пред крајот на летниот преоден рок.

– Работата е јасна за мене. Не можеме да го загубиме Нејмар без да донесеме замена за него. Ако го имаме со нас, тоа значи дека имаме играч кој е неверојатно добар во ситуациите еден на еден, а тоа понекогаш знае да биде многу важно. Ако си оди, мора да донесеме замена, не можеме да останеме со празно место, – нагласи Германецот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести