12 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Тутоспорт открива зошто Јувентус го продава Дибала и ja разјаснува ситуацијата на играчот

Најчитани вести

Италијанскиот весник Тутоспорт се обиде да ја разјасни ситуацијата на Пауло Дибала во Јувентус и зошто Аргентинецот е ставен на продажба и најверојатно ова лето ќе замине од Торино.

Напаѓачот мораше да го прекине одморот и предвреме да се врати во Италија откако Јувентус договори спектакуларна трампа со Манчестер јунајтед. Аргентинецот сепак одби да се пресели на Олд Трафорд па пропадна и трансферот на Ромелу Лукаку во редовите на „старата дама“.

Вчера Тотнем пројави интерес, извештаите велеа дека е испратена понуда од 70 милиони евра која Јувентус ја прифатил и сега се чека одговорот на Пауло Дибала.

Време за комплетирање на зделата има малку (до утре до 18 часот) а Пауло Дибала се двоуми и за преселба во Лондон. Проблем е и неговата висока плата, како и спорот со неговите имиџ права и високата провизија која ја бара неговиот агент.

И додека голем дел од фановите се чудат зошто Јувентус сака да откачи од Пауло Дибала, Тутоспорт се обиде да ја разјасни ситуацијата на играчот.

Весникот пришува дека „бјанконерите“ го продаваат фудбалерот поради неколку причини. Прва и најглавна, е тоа што неговата продажба може да донесе најголема капитална добивка потребна за балансирање на буџетот. Во сметководствените книги тој вреди околу 16 милиони евра а Јувентус може да добие помеѓу 70-80 милиони евра. Раководството е свесно за талентот и квалитетот кои ги поседува Пауло Дибала, но сметаат дека ова е прифатливо жртвување. Исто така тие веруваат дека играчот не е незаменлив, а му замеруваат и за одредени работи и навики надвор од теренот.

Тутоспорт исто така додава дека Пауло Дибала не сака да остане и покрај тоа што се добива слика дека негова желба е да продолжи. Весникот вели дека ако Аргентинецот сакал да остане по секоја цена, немал да го прати агентот на преговори со Манчестер јунајтед.

Околу тоа каде ќе заврши Пауло Дибала, Тутоспорт вели дека се е можно. Доколку не го прифати и предлогот на Тотнем, како опции остануваат ПСЖ и Интер (трампа со Икарди). Но не се исклучива и можноста тој да продолжи во дресот на Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести