11 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Туск: Одлуката за одложување на Брегзит за неколку денови

Најчитани вести

Лидерите на ЕУ ќе одлучат „во следните денови” дали ќе и се одобри на Велика Британија уште едно продолжување на рокот за излез од Унијата.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, воедно, истакна дека нивната одлука зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.

– Одлуката за продолжување на рокот за Брегзит за три месеци, по 31 октомври, во голема мера ќе зависи од тоа што ќе одлучи или нема да одлучи британскиот Парламент, изјави Туск.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера доживеа уште еден пораз откако претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џон Беркоу соопшти дека Владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за Брегзит.

Џонсон апелираше до пратениците оваа недела да го одобрат договорот за Брегзит, нагласувајќи дека ниту тие, ниту ЕУ, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излезот на Британија од Унијата

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести