19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Туск нема да се кандидира за претседателските избори во Полска

Најчитани вести

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа објави дека нема да се кандидира на претседателските избори во Полска, поради неговото тешко искуство како премиер на таа земја.

„Нема да бидам кандидат на следните претседателски избори“, изјави Туск за полската телевизија.

Неговата одлука значи дека опозициските сили во Полска немаат кандидат кој би можел да биде противкандидат на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, кој ја поддржува владејачката партија Право и правда и ќе се бори за нов мандат во пролетта 2020 година.

Туск, кој беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, се сметаше за политичар кој може да го блокира бранот на десничарите и популизмот во државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com