7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Турчин нападнат и ограбен на бензинска на автопатот Табановце – Куманово

Најчитани вести

Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин вчера на бензинска станица на автопатот Табановце – Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22-годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот.

Две непознати лица, вчера во 17 часот, на автопатот Табановце – Куманово во близина на бензинската станица, физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имало пари и лични документи по што побегнале, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести