23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Турција ќе лансира ракета на Месечината до 2023 година

Најчитани вести

Турција планира да лансира ракета кон Месечината до 2023 година, објави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, презентирајќи ја националната вселенска програма.

Слетувањето на Месечината, како што објасни, треба да се изврши до крајот на 2023 година кога земјата ќе слави 100 години од основањето на Републиката, пренесува ТАС.

„Верувам дека турските инженери ќе ја завршат таа мисија“, рече Ердоган.

Тој исто така рече дека Турција сака да изгради космодром со меѓународно учество со цел да добие пристап до вселената.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести