Турција денеска ќе ја тестира новата руска ракетна одбрана С-400, јавуваат турските медиуми, и покрај притисокот на Вашингтон Турција да го напушти системот.
Набавката на С-400, ги влоши односите меѓу Анкара и Вашингтон. САД сметаат дека системот не е компатибилен со политиките на НАТО.
Турските власти соопштија дека денеска над небото на Анкара ќе летаат турските воздухопловни сили Ф-16 и други авиони на ниска и голема надморска височина за да го тестираат системот за воздушна одбрана.
Медиумите соопштија дека треба да се тестира радарот на системот С-400. Анкара минатиот јули доби систем С-400, но сè уште не е во функција.
Откако Турција го набави рускиот систем, САД одбијат да и испорачаат на Турција воени авиони од петтата генерација Ф-35.