Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе побара помош од меѓународен арбитражен суд ако Вашингтон не ги испорача веќе платените од Анкара американски ловци-бомбардери „Ф-35“. Турција за ловците веќе платила над милијарда долари. Според турскиот претседател, во зделката Турција не е само купувач туку и партнер за производство на ловците-бомбардери. Според него, земјата произведува повеќе резервни делови за „Ф-35“. На самитот на Г-20, што од денеска стартува во Осака, Јапонија, предвидено е Ердоган да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп.