14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Турција ја уапси сестрата на убиениот водач на Исламска држава

Најчитани вести

Турција ја уапси Расмија Авад, сестрата на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, во градот Азаз на северот на Сирија, изјави турскиот официјален претставник Фахретин Алтун.

Тој вели дека е во тек испрашување на нејзиниот сопруг и на снаата, кои исто така се уапсени. Расмија Авад (65) е уапсена во рација во близина на Азиз, додека со неа биле нејзините пет деца. Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на Ал Багдади во северозападна Сирија, но тој се самоуби со експлозив.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести