14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Турција тврди дека заробила важна личност од Исламска држава

Најчитани вести

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска објави дека Анкара заробила важна фигура на Исламска држава во Сирија.

Тој рече дека истражните органи го испрашуваат осомничениот, без да го соопшти неговото име или детали за апсењето.

Турција соопшти дека уапсила неколку членови на семејството на убиениот водач на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, вклучувајќи и една од неговите сопруги, како и сестра и ќерка.

Земјата деновиве дава публицитет на напорите да ги фати припадниците на Исламската држава, по критиките дека нејзината неодамнешна воена офанзива во северна Сирија може да доведе до заживување на терористичката организација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com