Home » Турција приведе грчки шпион

Турција приведе грчки шпион

by Журнал.мк

Турција уапси грчки државјанин под сомнение за шпионaжа, еден ден откако го фати во операција координирана со нејзината разузнавачка агенција, соопшти локалната полиција. Според соопштението осомничениот е приведен во југоисточниот град Газиантеп во близина на границата на Турција со Сирија.

„Агентот, беше приведен од судските власти откако беше откриено дека има врски со грчката национална разузнавачка организација. Тој собрал информации за граничната безбедност на нашата земја и ги префрлил на грчкото разузнавање“, се вели во соопштението на полицијата.

Tурските медиуми изминатиот викенд објавија дека осомничениот оперирал маскиран во бизнисмен за време на неговите патувања во Турција.

Грчкото Министерство за надворешни работи во меѓувреме соопшти дека исчезнувањето на нивниот државјанин било пријавено во грчката амбасада во Анкара пред неколку недели.

Турција и Грција се сојузници во НАТО, но се вмешани во голем број спорови.

Тензиите ескалираа во последните недели, при што Анкара ја обвини Атина дека стационира војници на островите во близина на нејзината поморска граница.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека повеќе нема да одржува билатерални средби со грчките лидери.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More