Home » Турција претстави прототип на беспилотното летало „Бајрактар“ со украински мотор

Турција претстави прототип на беспилотното летало „Бајрактар“ со украински мотор

by Журнал.мк

Турската компанија „Бајкар макина“ што го произведува беспилотното воено летало „Бајрактар“ претстави прототип на нов беспилотен систем наречен „Кисилелма“ (црвено јаболко).

Украинската агенција „Укринформ“ на својот твитер профил пренесува информации и фотографии на напредниот беспилотен систем објавени од турскиот производител, како и изјава на инжинерот Селчук Бајрактар, инаку е творецот на првото турско беспилотно летало.

Според Бајрактар, новиот беспилотен систем ќе биде на ракетен погон, способен да полетува и слетува од и на новиот мултинаменски амфибиско-десантен брод „Анадолу“ на турската воена морнарица.

Компанијата „Бајкар макина“ во ноември потпиша договор ракетните мотори од типот „АИ-322Ф“ за својот нов беспилотен систем да ги набавува од украинската „Ивченко-Прогрес“.

Беспилотното летало „Кисилелма“ треба да биде способно да оперира од големи височини и да има автономија и до пет часа лет. Леталото со полетна тежина и до 5,5 тони и брзина до 800 километри на час ќе биде оспособено да носи до 1,5 тони корисен терет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More