22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Турција: Налог за апсење на 532 лица

Најчитани вести

Турското државно обвинителство издаде налог за апсење на 532 осомничени, од кои 459 се во воена служба, поради наводни врски со свештеникот Фејтула Ѓулен, кого официјална Анкара го обвини за обид за државен удар во 2016 година, пренесе агенцијата Анадолија.

Извештајот потврди дека акцијата за трајно неутрализирање на антидржавната мрежа на свештеникот Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е иницирана во 62 турски покраини, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 250 лица беа убиени за време на интервенцијата на турските безбедносни сили во јули 2016 година.

Ѓулен ги негираше обвинувањата дека тој стои зад неуспешниот пуч, по што беа покренати судски процеси против повеќе од 80.000 луѓе, а над 150.000 беа отпуштени од работните места во граѓанскиот и воениот сектор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести