Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак. „Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент. „Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.