24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Турција и Албанија потпишаа седум договори за соработка во различни сфери

Најчитани вести

Надлежните институции на Република Турција и Албанија денеска потпишаа седум договори за билатерална соработка во областа на справување со катастрофи и вонредни состојби, медиумите, државните архиви, културата и уметноста, безбедноста, младите и спортот и протоколи.

Потпишувањето на договорите се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, непосредно пред почетокот на нивната заедничка прес-конференција во Тирана.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, и албанскиот министер за внатрешни работи, Бледар Чучи, потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во образованието за спроведување на законите меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Албанија.

Меморандумот за разбирање за соработка во областа на Протоколот меѓу Министерството за надворешни работи на Република Турција и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и заменик министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија Меги Фино.

Меморандумот за разбирање за соработка во областа на младите и спортот меѓу Министерството за млади и спорт на Република Турција и Министерството за образование, млади и спорт на Република Албанија го потпишаа ресорните министри Мехмет Мухарем Касапоглу и Евис Куши.

Протоколот за соработка меѓу Министерството за култура и туризам на Република Турција, Генералната дирекција на Државната опера и балет и Операта, балетот и фолклорниот ансамбл на Албанија го потпишаа министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој и министерката за култура на Република Албанија, Елва Маргарити.

Меморандумот за разбирање во областа на управувањето со катастрофи и вонредни состојби меѓу Управата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД) и Националната агенција за цивилна заштита на Министерството за одбрана на Албанија беше потпишан од претседателот на АФАД, Јунус Сезер, и заменик-министерката за одбрана Далендише Бици.

Протоколот за соработка меѓу Дирекцијата на архивот при Претседателството на Република Турција и Претседателството на Државниот архив и Генералната дирекција на Централните државни архиви на Албанија беше потпишан од шефот на турскиот Државен архив Угур Унал и генералниот директор на Архивот на Република Албанија Ардит Бидо.

Договорот за соработка помеѓу Агенција Анадолија (АА) и Албанската телеграфска агенција го потпишаа претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА Сердар Карагоз и генералната директорка на Албанската телеграфска агенција Валбона Жупа. www.trt.net.tr

📍Kryeministria – Nënshkrimi i marrëveshjeve mes dy qeverive

📍Kryeministria – Nënshkrimi i marrëveshjeve mes dy qeverive dhe konferenca e përbashkët për shtyp me Presidentin Erdoğan🇦🇱🤝🇹🇷

Posted by Edi Rama on Monday, January 17, 2022

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com