4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Турција депортира осомничен член на Исламската држава во САД

Најчитани вести

Американецот осомничен дека е член на екстремистичката Исламска држава ќе биде вратен во Соединетите Држави кога ќе помине три дена на ничија земја меѓу Турција и Грција, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

САД се согласија да го примат и да му обезбедат патни исправи, соопшти Министерството, додавајќи дека процедурата за негово враќање е во тек, пренесе АП.

Ова беше решено еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Американецот се наоѓаше во милитаризирана гранична област кога Турција во понеделникот се обиде да го протера во Грција, но му беше забранет влез од Атина.

Турските медиуми го идентификуваа како 39-годишниот Мохамед Дарвис Б. и објавија дека тој бил американски државјанин со јорданско потекло.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести