20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Турција ги заострува мерките, најави затворање за Рамазан

Најчитани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави посилни мерки против коронавирусот вклучувајќи и повторно затворање за време на викендот.

Тој истакна дека се поголем број градови во земјата се изложени на висок ризик од ширење на коронавирусот.

Ердоган рече дека затворањето за викендот ќе биде воведено во текот на целиот месец Рамазан.

Полицискиот час ќе продолжи од 21 часот до 5 часот наутро.

Турција има 32.404 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број оваа година, покажаа податоците на министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 3.240.577.

Истанбул и Анкара се меѓу градовите каде постои голем ризик од ширење на болеста, рече Ердоган и додаде дека 80 проценти од 84 милиони жители на земјата живеат во ризични градови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести