Home » Турција бара „конкретни мерки“ од Шведска и од Финска за влез во НАТО

Турција бара „конкретни мерки“ од Шведска и од Финска за влез во НАТО

by Журнал.мк

Главниот советник за надворешна политика на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан вчера разговараа за кандидатурите за НАТО и за војната во Украина.

Калин истакна оти Турција сака „конкретни мерки“, кога станува збор за постоењето на „терористичките организации“ во Финска и во Шведска, пред да се разгледаат нивните кандидатури за влез во Алијансата, се наведува во соопштението на турското претседателство.

Во телефонскиот разговор, Калин додаде и дека земјите што сакаат да се приклучат на НАТО, мораат да „ги усогласат вредностите и принципите на Алијансата за безбедноста и борбата против тероризмот“ всушност „Шведска и Финска да преземат конкретни мерки за терористичките организации што ја загрозуваат националната сигурност на Турција“.

Белата куќа соопшти дека Саливан „изразил поддршка за продолжување на директни разговори на Турција со Шведска и со Финска, со цел да се реши загриженоста околу нивните барања за членство во НАТО, што САД цврсто ги поддржува“.

Турција се спротивстави на членството на Финска и Шведска во НАТО со образложение дека пружаат засолниште на припадници на Курдска работничка партија (ПКК) и други групи, кои Анкара ги оценува како терористички.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk