АНКАРА- Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) соопшти дека во Албанија ќе испрати екипа за поддршка на операциите за пребарување и спасување по земјотресот што ја погоди земјата ранот утрово, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Во Албанија ќе испратиме 3 возила, екипа од Министерството за здравство и еден авион кој припаѓа на Генералштабот, за поддршка на акциите за пребарување и спасување во Албанија по земјотресот“, се вели во соопштението на АФАД.
Албанија, во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес во кој засега е потврдена смртта на 6 лица, додека десетици се повредени, а предизвикана е и материјална штета во повеќе градови низ земјата.