-3 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Турското обвинителство издаде наредба за апсење на 250 воени офицери

Најчитани вести

Турското обвинителство денеска издаде налог за апсење на 250 актуелни и поранешни офицери и 10 цивили заради наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави ДПА.

Обвинителите во Истанбул, Анкара, Измир и Кочали почнаа одвоени рации, се вели во веста на агенцијата Анадолија, а сите биле насочени кон активни и поранешни војници од копнените, воздухопловните и поморските сили, како и крајбрежната стража.

Обвинителите во Истанбул побараа затворање на 176 активни војници, наведува агенцијата. Дваесет од 32 лица на воздухопловните сили веќе се приведени во Анкара и 11 други провинции.

Рациите се насочени кон 35 осомничени приврзаници на Ѓулен во Измир и 19 други провинции, додека обвинителите во Кочаели се обидоа да притворат 17 офицери, вклучително и осум поранешни питомци.

Турската Влада смета дека многу луѓе лојални на Ѓулен се инфилтрирани во државните служби и армијата.

Во моментов во турските затвори се наоѓаат 30.559 осомничени „Ѓуленисти“, од кои повеќе од 15.000 се армиски старешини, изјави Ердоган во април, наведе ДПА.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести