Турскиот фудбалер Ајкут Демир, го привлече вниманието на светската јавност, откако одби да носи маичка на која пишуваше „запрете ја војната“.
Демир е фудбалер на Ерзурумспорт, екипа која вчера доживеа пораз од Анкарагучу (0:1). Пред почетокот на натпреварот, само тој од екипата на Ерзурумспорт не носеше маичка на која на турски и англиски беше испишана пораката „запрете ја војната“.
По мечот Демир објасни зошто не сакач да ја облече маичката.
„Илјадници луѓе секојдневно гинат на Блискиот исток. Сите молчат и го игнорираат тоа, бидејќи не се случува во Европа. Не се чувствував убаво за да ја носам маичката бидејќи не е направена за земјите кои со години се во војна. Ја сум против сите војни во светот и фактот дека гинат недолжни луѓе. Ние треба да ги осудиме сите војни во светот“, рекол Демир.