14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Турски ловци Ф-16 упаднале во воздушниот простор на Грција, ги пресретнале грчки борбени авиони

Најчитани вести

Неколку турски воени авиони Ф-16 го нарушиле грчкиот воздушен простор и повеќе пати прелетале на грчките острови во Егејското Море во период од 25 минути, соопшти грчкиот генералштаб за национална одбрана (ХНДГС).

Два авиони влегле во грчкиот воздушен простор без поднесување на план на летот и прелетале четири пати над островот Панагија, на висина од 2.000 до 7.000 метри, и седум пати над островот Инуесес, на висина во распон од 150 до 8.000 метри, пренесе грчаката агенција АНА.

Прелетувањата биле извршени брзо, меѓу 13:35 и 13:59 часот денес попладне.

И втор пар турски Ф-16 влегле во грчкиот воздушен простор во 13:46 часот и прелетале над островот Ро, на висина од 7.000 метри.

Според ХНДГС, во сите случаи турските воени авиони биле идентификувани и ги пресретнале грчки борбени авиони, во согласност со меѓународните правила.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести