0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Турски државјанин фатен со лажен ПЦР-тест на скопскиот аеродром

Најчитани вести

Турски државјанин со лажен ПЦР-тест сакал да излезе од државава преку скопскиот аеродром.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција, осомничен дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Обвинетиот 32-годишник на 17 февруари на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил ПЦР-тест. На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал.

При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести