-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Турски бизнисмен носи такси возила „Тесла“ во Подгорица

Најчитани вести

Во Подгорица до крајот на седмицата ќе почне со работа првата такси служба со автомобили на електричен погон.

Градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ се сретна со претставниците на компанијата Вен Тур, на турскиот бизнисмен Ахмет Авчи, која ќе почне да ги дава услугите на такси превоз со електрични возила.

– Исклучително сум задоволен што Подгорица ја добива првата такси служба со автомобили на електричен погон и што ќе бидеме првиот град во регионот кој добива услуги за превоз на граѓани со „Тесла“ електрични возила, потенцираше Вуковиќ.

Тој изрази увереност дека во следниот период такси компаниите и здруженијата сè повеќе ќе се определуваат за давање услуги со возила на електричен погон.

Новата такси услуга ќе биде достапна само за корисниците на апликацијата ТеслаГо (TeslaGo), по примерот на Убер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести