25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Турскиот бизнисмен чиј „мерцедес“ беше запален: Претпоставувам не сме добредојдени во Штип

Најчитани вести

Штип, 29 октомври- Сопственикот на опожарениот „мерцедес“ утрово во Штип е бизнисмен од Турција, кој има свој бизнис во градот, јавува ММС.мк. Во Професионалната територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 5.45 часот, по што пожарникарите веднаш излезе на терен. Нешто по седум часот, возилото целосно е изгаснето.

Сопственикот, Веби Чавахир го паркирал својот „мерцедес“ и влегол во изнајмениот стан на улицата „Сремски фронт“ во Штип, по двесетина мунути пред шест, одекнал прасок, а потоа и пламен од паркираното возило.

Според кажувањето на неговиот брат Емир, кој сведочеше во изјава за Канал 77, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, била спречена поголема катастрофа. Додека неговиот брат е во полиција, каде дава изјава, Емир кажа дека нема кон кого да посочат.

-Ние не сме од Штип, по националност сме Турци, имаме бизнис овде и имавме еден пријатен живот во Штип. Едно што мислиме е што не сме од тука, имаме направено бизнис и на некој му попречило . што имаме дојдено овде и имавме добар почеток. Можеме само да претпоставиме – дека не сме добредојдени во овој град, изјави Емир.

Двајцата браќа имаат бутик и фризерски салон во Штип, бутици и во неколку други градови, а за наскоро најавуваат нов бизнис со четириесетина вработувања.

Емир Чавахир вели дека најлошо е што немаат во кого да се соменваат.

-Тоа некој да ти го направи треба да имаш некому многу згрешено или да имаш некои пресмети. Ние реално само си ја тераме работата, изјави за Канал 77 Емир Чавахир.

Неговиот брат Веби, на својот профил на Фејсбук кратко искоментира дека палењето е само поради тоа да го натераат да купи Масерати.

Од она што може да се види, Мерцедесот е запален на ист начин како и претходните неколку возила, за кои полицијата се’ уште нема расветлено кој ги пали. Да потсетиме дека денешното е дваесетто опожарено возило. Дел се самозапалени, но за дел  „под неразјаснети околности“, како што велат од полицијата. Ниту еден случај не е процесуиран до Основното јавно обвинителство, што може да се заглучи дека истрагите тешко одат.

Мерцедесот што беше опожарен беше паркиран на паркинг пред станбена зграда во Штип. Во Професионалната територијална противпожарна единица случајот бил пријавен во 05:45 часот, по што пожарникарите веднаш излезе на терен. Возилото целосно е изгаснето. Од пожарот е зафатено и друго возило, кое поминало со оштетување.

Ова зесега е единствената потврда што ја добивме, во исчекување  на информации од останатите надлежни служби.

Мерцедесот гори пет дена откако беше запалено возилото на Никола Тушев, поранешниот претседател на штипски СДСМ. Ова е 20-то опожарено возило од почетокот на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести