Турското Министерство за одбрана објави дека турките сили во рамки на акцијата ,,Извор на мирот” на северот на Сирија досега извршиле напади врз 181 цел на терористичките организации. Нападите биле извршени со воздушни сили, но и со друга воена поддршка.
Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална армија (СНА) вчера ја почнаа операцијата ,,Извор на мирот”, за која се наведува дека е со цел „да ги врати мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор што терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција”.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствената цел во рамките на операцијата. Тие наведуваат дека операцијата се спроведува во согласност со меѓународните законски стандарди и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.