Сердар Бердимухамедов, синот на актуелниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како кандидат на владејачката Демократска партија на Туркменистан победи на претседателските избори во земјата, освојувајќи 72,97 отсто од гласовите на избирачите, денеска соопшти Централната изборна и референдумската комисија на земјата.
„Во согласност со член 76 од Изборниот законик на Туркменистан и врз основа на одлука на Централната изборна комисија од 14 март 2022 година, вицепремиерот на Туркменистан Сердар Гурбангули Бердимухамедов е назначен за претседател на Туркменистан со освоени 72,9 отсто од гласоците”, се наведува во соопштението на веб-страницата на Изборната комисија.
Комисијата потсетува дека претседателските избори во Туркменистан се одржаа на 12 март. На нив гласале околу 3.362.052 лица или 97,17 отсто од запишаните избирачи, соопшти Изборната комисија.
На претседателските избори учествуваа девет кандидати, од кои осум добија од 1,08 до 2,22 отсто од гласовите, соопшти Изборната комисија.