-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Турам го брани Пирло: Му треба време, Зидан беше асистент на Анчелоти и Мурињо

Најчитани вести

Владеењето на Јувентус во Серија А наскоро ќе заврши, а Андреа Пирло ќе биде запаметен како тренерот кој не успеал да ја продолжи деветгодишната доминација во домашното првенство. Многумина го критикуваат Пирло, а еден од малкумината кои се на негова страна е легендарниот дефанзивец на Јувентус и Франција, Лилијан Турам.

Французинот во намера да застане во одбрана на Пирло, меѓу редови постави прашање зошто управата на Јуве воопшто се одлучи за неискусен тренер.

„Мислам дека критиките на сметка на Пирло се смешни, затоа што верувам дека ќе стане фантастичен тренер, во рангот на она каков играч беше. Само му треба време. Не можете да станете голем играч на професионалното деби, ниту голем готвач, новинар. Сето тоа бара време. Со самото тоа не можете да очекувате Пирло да стане врвен тренер во првата сезона. Не можете од него да барате да ги донесе истите резултати кои ги постигнуваа стручњаци со 10-15 годишно искуство“.

Многумина ќе го споредат Пирло со Зинедин Зидан под чија команда Реал освои три титули во ЛШ по ред, но впечаток е дека таквата споредба не е адекватна.

„Да не заборавиме, кога Зидан го презеде Реал Мадрид, тоа не му беше прво менаџерско искуство. Веќе го водеше младиот тим, а претходно им беше асистент на Карло Анчелоти и Жозе Мурињо. Затоа критиките на сметка на Пирло ме смеат. Се извинувам, но постои работа која се нарекува собирање искуство. Пирло во моментов минува низ таа фаза и не можете да очекувате дека веќе се знае“, заклучи Турам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com