19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Тупураинен: Нема да зборуваме за францускиот предлог, но ќе има порака дека ЕУ нема да сврти грб

Најчитани вести

Финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи утрово изјави дека францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на денешната дебата.

„Тоа е далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе испратиме силна порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет“, изјави Тупураинен, која претседава со денешниот министерски состанок и која го одредува дневниот ред на дискусиите.

Министрите на ЕУ, како што јавува МИА од Брисел, ќе разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Македонија беше блокирана од страна на Франција во октомври, но нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

„Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија за да можеме конечно да постигнеме едногласна одлука, денес ќе испратиме силна порака дека ЕУ нема да сврти грб“, рече Тупураинен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com